Liz Walsh за Западниот Градски регион
Jerome Small за Северниот Градски Регион
За вистински промени, гласајте социјалисти
Трошоците за живот излегуваат од контрола. Но, наместо да направат нешто околу тоа, лабуристите и либералите само им помагаат на најбогатите да станат побогати.
Треба да ја вратиме моќта и да изградиме општество кое се грижи за луѓето од работничката класа и за сите оние кои се запоставени.
Достапно домување за сите
Замрзнување на станарината за период од 5 години. Законски решенија со цел да им се дадат вистински права на станарите и да се спречи злоупотребата од страна на сопственикот. Да се изградат 150.000 нови јавни станбени објекти во следните 10 години. Да се формира нова државна банка која нуди ниски каматни стапки за просечните хипотеки.
Крај на приватизацијата
Јавниот превоз, струјата, интернетот, грижата за стари лица и другите основни услуги да се стават во рацете на јавноста.
Реална климатска акција
Да нема нов гас или јаглен. Економија со нула јаглерод до 2040 година. Да се стават клучните загадувачки индустрии под владина контрола.
Бесплатна грижа за деца
Да се воспостави нов универзален државен систем за згрижување деца со бесплатен пристап за семејствата и соодветни плати за работниците.
Да се подобрат училишта, здравствениот систем и грижа за стареци
Да се зголемат платите и да се подобрат работните услови за да се изнајде решение за кризата со задржување на вработените. Да се зголеми финансирањето за да се обезбедат 10.000 нови наставници во државните училишта, и повеќе болнички кревети, медицински сестри и друг персонал во здравството и грижата за стари лица.
Да се стават политичарите на работничка плата
Политичарите се преплатени и недостапни. Ако бидеме избрани, ќе го придвижиме законодавството со цел основната плата на сите членови на парламентот да не биде поголема од платата на медицинска сестра со 6 годишно работно искуство (87.000 долари).
Во меѓувреме, сите кандидати на Викторијанските социјалисти (Victorian Socialists) имаат ветено дека ќе земаат само 87.000 долари годишно, а остатокот ќе го вложат во кампањи за заедницата.
Да се оданочуваат корпорации и богатите
Да се зголемат платите
Да се поддржат домородните нации и да се прифатат мигрантите
Овластено од Victorian Socialists, 54 Victoria St, Carlton South, VIC 3053