Јас сум Jerome Small кандидат од партијата Викторијански Социалисти (Victorian Socialists) за горниот дом во градскиот северен регион на ноемвриските избори во Викторија во 2022 год.
За разлика од повеќето луѓе кои се во парламентот, јас не сум политичар по професија, јас работев како работник во градеништво две децении, и исто во фабрики и канцеларии.
Во последниве неколку години јас сум индустриски организатор. Помагав на работниците со стари лица да се организираат против приватизација, помагав на работиците во магацини да организираат штрајкови и да добијат сигурност во работата, и им помагав на работиниците во продавници и угостителство да се расправаат за ускратените плати и да победат.
Јас верувам дека обичните луѓе кои го произведуваат целото богатство во општеството треба да донесуваат големи одлуки, а не неколку неизбрани билионери и нивните политички слуги. Заради тоа јас сум социалист.
Јас помогнав да се направи успешна кампања против расизмот уште од моите тинејџерски години – против апархејдот во Јужна Африка, и да се стопира рудникот за ураниум (Jabiluka) во Северната Територија. Водев кампања за солидарност со луѓето од Палестина и за правата на бегалците. Бев вклучен во кампања за радикалните промени што треба да се направат за да се избегнат климатските и природините катастрофи – од водење на средношколски протести во 1980те години до цивилна непослушност против големата конференција за индустријата за фосилни горива (IMARC) во 2019 год.
За државните избори во ноември, јас се кандидирам за горниот дом во градскиот северен регион. Јас ќе посочам на секоја неправда и ќе стојам со луѓето каде ќе има битка против системот што сè повеќе се наклонува кон супер-богатите.
Ајде да направиме историја во ноември. Гласајте за социалист.
Овластено од Victorian Socialists, 54 Victoria St, Carlton South, VIC 3053