Liz Walsh за Западниот Градски регион

Јас сум Liz Walsh, главен кандидат од партијата Викторијански Социалисти (Victorian Socialists) за горниот дом во градскиот западен регион на ноемвриските избори во Викторија во 2022 год. Јас живеам во Maidstone заедно со мојата фамилија вклучувајќи ја и мојата новородена ќерка.

Јас верувам дека луѓето во западните предградија заслужуваат подобро од тоа што им го нуди моменталната влада, со нејзините пријатели, големите девелопери.

Јас сум била посветен социалист во последните 25 години. Во средно училиште јас учествував во училишни протести против Pauline Hanson. Од тогаш, јас сум била постојан противник на сите форми на расизам, и сум била вклучена во кампањи за правата на бегалците. Јас сум посветена да работам заедно со заедниците на бегалците и мигрантите во западните преградија, и да барам подобри услови за работа, постојана виза за заштита, и крај на расистичкото полициско работење.

Исто така јас имам долга историја за заштита на правата на работниците. Јас стоев заедно со работниците во магацини кога беа на штрајк и се борев да добијат подобра плата и заштита на работа, исто и со неопходните работници баравме подобри работни услови за време на пандемијата. Јас сакам да видам работниците да добијат зголемена плата над инфлацијата, и декадите на приватизација и недоволно финансирање на неопходните услуги да бидат вратени назад.

Неодамна јас иницирав кампања за да се прошират правата и пристап за абортус. Следејќи ја забраната на абортусот на Врховниот суд во САД, јас организирав собир на повеќе од 15.000 луѓе во Мелбурн. Јас верувам дека ние треба да се бориме да ги зачуваме нашите права и не смееме да бидеме рамнодушни. Движењето во заедницата е суштинско.

Социјалистичкиот глас во парламентот би значел ставање на интересите на обичните луѓе во центар и преден план. Тоа масовно ќе ги зајакне нашите движења, од правата на бегалците до борбата за климатска правда. Јас се надевам дека Вие ќе ми се придружите во оваа кампања!

 

Овластено од Victorian Socialists, 54 Victoria St, Carlton South, VIC 3053